СОФИ ГИФТ
КАКО СЕ ЗАПОЧНА И КАДЕ СМЕ СЕГА....
"Софи Гифт" ја започна својата приказна во 2000 година како продавница за подароци во Трговскиот центар во населбата Бутел 1 во Скопје. Како и сите почетници работевме напорно, но притоа и уживавме уредувајки го нашето мало катче кое набрзо стана препознатливо со својот шарм, внимателно одбраната даровна програма, прекрасно уредениот простор, уникатното пакување на подароците, а задоволните купувачи повторно навракаа кај нас... Истовремено работевме и со декорации за сите видови свечености, а нашиот обем на работа на наше задоволство се повеке се зголемуваше, па така во јануари 2008 година започна со работа Ателјето за свадбени декорации "Софи Гифт" на ул. Илинденска бр.93 1/1 во Скопје кое го посветивме на декорациите воопшто, пред се свадбените...
КОЈ СТОИ ЗАД "СОФИ ГИФТ"?
Госпогата Анкица Спасова чии вредни раце, креативен и немирен дух никогаш не мируваат, која е секогаш во тек со светските трендови на полето на украсувањето и ги носи на нашите простори...Таа, заедно со нејзиниот вреден и неуморен тим со многу љубов и посветеност ја работат својата работа, а тоа се чувствува во секоја креација, во секој аранжман....
Нашата цел е да развиваме свој препознатлив стил на украсување, да негуваме високи стандарди во работата, се да биде совршено, организацијата беспрекорна, квалитетот на највисоко ниво. Младенците кај нас да се чувствуваат сигурно, безгрижно, во добри раце, а нивните задоволни и срекни лица секогаш ке бидат наш императив...

Имаме и своја програма за крштевки и за сите останати свечености, кои ке придонесат најубавите мигови во животот да останат запаметени.
"Софи Гифт" досега двапати се претставуваше на Саемот на венчавки во Скопје на кој нашите креации заблескаа со својата убавина и уникатност.
Ве покануваме да не посетите....
Со љубов,
"СОФИ ГИФТ".
|